Театарската претстава „Ничија земја“ во изведба на Македонски народен театар ќе го затвори 57-мото издание на фестивалот „Охридско лето“. Таа биде изведена на просторот на некогашната воена касарна во Охрид, што треба да го надополни амбиентот на претставата која е со воена тематика.
„Ничија земја“ е слика на апсурдот на балканските народи и нивните ирационални интеракции како во мирнодопски, така и во воени услови. Драмската ситуација-војна во која се развива оваа црна комедија е метафора на нашата перманентна духовна, но и фактичка состојба на „војна и омраза“ до „братските“ соседни народи, но и внатрешно меѓу луѓето.
Претставата започнува во 21 часот.
OhridNews