Центар за култура „Григор Прличев“

Од 03.06.2024 - 20:00 до 03.06.2024 - 22:00

Во понеделник, 3-ти јуни, со претставата „Госпоѓа Министерка” Народниот театар од Охрид ќе го прослави својот тринаесетти роденден.

Текстот на познатиот комедиограф и сатиричар Бранислав Нушиќ го постави и режираше Благој Мицевски, а улогата на министерката Живка ја интерпретира Биљана Билаловиќ Вељаноска. Покрај неа во претставата играат и актерите: Горан Стојаноски, Павел Маслов, Никола Тодороски, Ивица Цонев и Филип Кипровски.

Привилегиите од издигнувањето до високите политички кругови, некогаш може да се излизгаат толку бргу, небаре се една театарска претстава, а не стварност. Но и тоа е сосема доволно, за да се почуствува слатко-киселиот вкус на отменоста. А госпоѓа Живана, нема време за чекање, велат од Народен театар Охрид.

Претставата започнува во 20:00 часот, а билети по цена од 250 денари можат да се набават на билетарата при Центарот за култура “Григор Прличев”-Охрид.

OhridNews