Центар за култура „Григор Прличев“
Од 03.06.2022 - 20:00 до 03.06.2022 - 22:00
По повод 11 години од првата одиграна премиера во Народниот театар Охрид во петок на 3-ти јуни ќе се одигра претставата „Енергични Луѓе” – според Василиј Шукшин, а во режија на Александар Ивановски.
Во претставата играат Никола Тодороски, Биљана Билаловиќ Вељаноска, Горан Стојаноски, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов и Адријана Билаловиќ Тодороска.
Претставата, иако сместена во социјалистичките 70-ти од минатиот век, е исклучително актуелна, со заплет кој носи урнебесен расплет, кој освен што до солзи ја насмејува публиката праќа и квалитетна порака за одредени општествени моменти кои се на некој начин многу важни.
Почетокот на претставата е закажан за во 20 часот, картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид.
Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066.
OhridNews