Доделени договорите од третата група на проекти со која се врши прераспределба на средства од концесијата на ТАВ, за реализација на инфраструктурни проекти во општините и на двата аеродроми во Скопје и Охрид.

Во третата и последна група на договори се содржани 35 инфраструктурни проекти во 32 општини, како и проект за подобрување на условите на терминалите на двата аеродроми со кои оперира ТАВ, во вкупна вредност од 22,3 милиони евра. Вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, потсети дека преку трипартитната соработка помеѓу Владата, ТАВ и општините, во рамките на оваа програма, ќе се рализираат вкупно 94 инфраструктурни проекти, во вкупна вредност од 49,7 милиони евра, кои во наредниот период ќе се реализираат во целата земја.

На настанот на доделување на договорите, Битиќи се осврна и на останатите проекти кои се однесуваат на водоснабдување, реконструкција на домови, основен проект за нов мост во Битола и за проектите за подобрување на условите на аеродромите во Скопје и Охрид.

Генералниот директор на ТАВ Македонија Метин Батак, потсети дека средствата од оваа програма, во вкупна вредност од 49,7 милиони евра, се добиени со пренамена на средствата претходно планирани за изградбата на карго-аеродромот во Штип.

Како општествено-одговорна компанија, ние силно веруваме дека бизнис-инвестициите треба да дадат бизнис-резултати, но и подобрување на животот на македонските граѓани.Среќни сме што сме овде со Владата, како наш партнер, и горди што ја исполнуваме нашата обврска како концесионер на аеродромите“, посочи генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак

Тој изрази надеж за  продолжување на трендот на непрекинати патувања со авион и понатаму, за да продолжат да се развиваат аеродромите во Скопје и во Охрид преку заедничката соработка со партнерите – Владата и авиокомпаниите.

Со програмата за прераспределба на средства од концесијата на ТАВ на општина Дебрца и беа распределени средства за изградба на фекална канализација за село Лешани.

 

 

Со вицепремиерот за економски прашања, Г-дин Фатмир Битиќи со извршниот директор на ТАВ Македонија     Г-дин Метин Батак потпишавме договор за изведба на проектот: “ Изградба на фекална канализација за село Лешани, со пречистителна станица во село Грко Поле” – прва фаза, информираше градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески.

Согласно договорот на општина Дебрца и се одобруваат средства во износ од 15.682.500 денари. Договорите од третата група проекти беа доделени вчера на свечен настан од Вицепремиерот Фатмир Битиќи и генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак.

 

 

К.А