Општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот деновиве ќе  отпочне кампања за подигнување на сообраќајната култура во Охрид. Кампањата ќе се спроведе под мото „Со познавање на патот од домот до училиштето – побезбедни во сообраќајот“,  а акцентот ќе биде ставен на младите од предшколска возраст и основците.

Советот за безбедност во сообраќајот најавува и низа превентивни и други мерки за зголемување на безбедноста на мотоциклистите и велосипедистите на подрачјето на општина Охрид. За таа цел во кампањата ќе бидат и вклучени и медиумите кои треба да придонесат за подобрување на сообраќајната култура во градот.

Ohridnews