Кинескиот претседател Кси Џипинг попладнево по средноевропско време ги прогласи за отворени 13. Зимски параолимписки игри (ЗПОИ) на пригодна свеченост на стадионот „Птичје гнездо“ во Пекинг.

На ЗПОИ во кинескиот главен град ќе настапат вкупно 546 параолимпијци од 46 држави, а во колективната меморија ќе остане суспензијата на руските и белоруските спортисти, поради агресијата на нивните држави на Украина.

Оваа вечер сакам да ја почнам со порака за мир. 21 век е време на дијалог, а не на војна. Спортистите од 46 нации ќе се борат едни со други, а не едни против други, истакна претседателот на Меѓународниот параолимписки комитет, Ендрју Парсонс, извикувајќи „Мир“ на крајот на својот поздравен говор.

На Игрите ќе бидат поделени медали во шест спортови (алпско и нордиско скијање, биатлон, сноубординг, карлинг и парахокеј, 78 дисциплини, 39 во машка, 35 во женска и четири дисциплини во мешани двојки.

Најмногу спортисти, вкупно 96 параолимпијци ќе има Кина, чија престолнина Пекинг стана првиот град во историјата, домаќин на летни олимписки и параолимписки игри (2008), а годинава и на зимски олимписки и параолимписки игри.

OhridNews