По иницијатива на Кошаркарскиот клуб Колибри, Охрид како домаќин и Кошаркарска Федерација на Северна Македонија, на 3 јуни беше потпишан меморандум од страна на ОУ Христо Узунов и КФСМ за развој и промоција на женската кошарка.

„Нејзиниот свет, нејзините правила“ е уникатен проект и кампања на социјалните медиуми, предводена од ФИБА Европа и има за цел да ја промовира кошарката за жени и девојки низ цела Европа преку разни училишни активности спроведени во партнерство со Националните федерации. Главен кординатор на проектот е Мирко Ивановски, долгогодишен влјубен и голем „виновник“ за големото поместување во женската кошарка во Македонија.

Присутни на настанот беа сениорските репрезентативки – oхриѓанката Габриела Модева, Симона Деловска и Јована Петрушевска, како главен реализатор и техничко лице Томе Дишлиев.

Овој настан е само чекор за доближување на женската кошарка од најмала возраст и на голема врата враќање на истат во нашиот град. Желба и потенцијал имаме, подршка од Кошаркарска федерација имаме, останува на нас само догодина ако се е во најдобар ред со ковид ситуацијата, КК Колибри повторно да се врати на натпреварувачките лиги.

Голема благодарност до директорката Оливија Јанева Пирузева и нејзион наставнички кадар од 1-3 одделени по физичко образование проф.Филип Силјаноски и проф.Елена Аслимовска, за безпрекорната соработка и нивниот иден ангажман и допринос за женската кожарка во Охрид.

OhridNews