Канаѓанецот Роб Спенсер ќе постави минијатурна камера во своето око за да снима документарец за видео надзорот во секојдневниот живот.

Спенсер кој како тинејџер останал без едно око, изјавил дека неговиот проект ќе биде со цел да се подигне свеста за безбедносниот надзор кај граѓаните.


Според неговите зборови, во Торонто се поставени 12.000 камери за видео надзор.

„Тоа што го открив и што е многу чудно, е тоа што на луѓето не им сметаат тие камери, но им засмета камерата скриена во моето око, бидејќи почувствувале дека низвната приватност е загрозена“ – рекол Спенсер.

Истакнал дека планира да сними филм во „Риалити“ стил, и дека камерата ќе ја исклучува кога не ќе му е потребна.