Натан Смит, музичар од Лос Анџелес, тврди дека пронашол стар шпански брод полн со богатство благодарение на програмата „Gоoogle Earth“.

Товарот со злато и сребро кој наводно се наоѓа во еден стар шпански брод од 1822 година, по негова проценка, вреди повеќе од 2 милијарди долари.

Смит ја користел сателитската интернет програма „Gooogle Earth“ и открил необична дамка северно од местото Арансас Пас во Тексас.


Откако експерти го посетиле местото и извршиле испитување со детектор за метал, тој е убеден дека бродот се наоѓа под дебел слој на блато од реката Баркентин Кирк, која денес е пресушена.

Иако Натан Смит правно може да го побарува богатството со оглед на тоа дека прв го открил, сопствениците на земјата не му дозволуваат да ги изврши потребните ископи и да дојде до бродот. Целата работа поради тоа дошла на суд во Хјустон.