Фотографијата е направена уште минатата година, а ја откри Феј Шарп додека преку апликација на гугл го разгледувала своето соседство. Забележала некои чудни објекти, за кои помислила дека се авиони, но тие стоеле премногу близу.


Како што можело да се забележи на фотографијата непознати објекти летале во три реда во уредна формација, и им привлекле внимание на неколку минувачи. Исто така јасно се гледа и човек на автобуска постојка кој ги посматра објектите.

Стручњакот Ник Поп, кој некогаш работел за Британската влада изјавил дека фотографијата е неверојатна. Интересно е тоа што ова е само една од низата чудни фотографии кои биле снимени откако гугл ја лансирал оваа апликација за корисниците во Британија. Претходно била забележана фигура со црн шешир и шал во Кардиф, за која некои сметале дека е Виктиријански дух.