Со помен на вечните почивалишта на загинатите бранители од Крива Паланка во конфликтот во 2001 година, денеска ќе бидат одбележани две децении од немилиот настан, информираат од Здружението на бранители на РС Македонија „Бранители 2001″.

На настанот е најавено присуство на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски, началникот на специјалните полициски сили, Бранко Трајановски и делегација од Владата на РС Македонија, како и претставници од СВР Куманово и ОВР Крива Паланка и локалната самоуправа на општина Крива Паланка.

Пораката што ќе се упати е да не се заборави но и да не се повтори никогаш повеќе, изјави Владе Стојановски, претседател на Здружението „Бранители 2001″.

Посочи дека во Здружението членуваат претставници од семејствата на загинатите бранители во конфликтот во 2001 и од „Диво насеље”, вкупно 120 бранители.

OhridNews