Вотерс Вилфрид, познат белгиски политичар и познавач на туризмот И  туристичкиот новинар Даниел Стевенс денес остварија средба со раководителот на секторот за туризам и локален економски развој, Гоце Симоноски. Во текот на разговорот тие дале ветување дека ќе ги искористат своите пријателства за да го презентираат Охрид во поголемите градови во Белгија.


На средбата се разговарало и околу неопходните подготовки за на почетокот од 2011 година поголема група новинараи, тур-оператори и потенцијални инвеститоари да ја посетат Македонија и Охрид. Гостите од Белгија понудиле и помош за организирање на размена на студенти и континуирани комуникации со белгиската Туристичка комора.

OhridNews