Со средства на УСАИД во вредност од 1.200 000 денари и 25 % учество од Општина Охрид, ќе бидат санирани санитарните јазли и ѕидови во училниците, ходниците и холот во ОУ „Ванчо Николески“ во с. Лескоец.
Како што информира локалната самоуправва на оваа тема денеска градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески тазговараш со претставниците на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, Небојша Мојсоски, Лири Старова, Бојан Динески и директорката на ОУ „Ванчо Николески“ од с. Лескоец , Елена ел Нади.
На средбата е потпишан Меморандум за соработка помеѓу општина Охрид, основното училиште „Ванчо Николески“ и УСАИД.
Проектот од страна на УСАИД беше одобрен во месец април годинава. Градежните зафати планирано е да се реализираат во месец август и да се завршат пред почетокот на новата учебна година.
OhridNews