Вечерта мина во знак на светски познатиот шансониер, Шарл Азнавур, кој ја прими наградата за животно дело., која му ја врачи градоначлникот на Охрид Александар Петрески.
Македонската пејачка Тања Цароска, изведе дел од репертоарот на славниот шансониер, во чија чест беше прикажан и филмот „Такси за Тобрук“, на Дени де ла Пателиер, од 1960 година во кој игра Шарл Азнавур.
Тања Цароска и Шарл Азнавур
Во 1998 година Шарл Азнавур е прогласен за забавувач на векот во избор на „CNN“ и читателите на “Time online“ од целиот свет. Во изборот тој ги победи Елвис Присли и Боб Дилан. Азнавур има пеено за претседатели, папи и членови на кралски семејства, но познат е и по хуманитарните забави и како основач на добротворната организација „Aznavour for Armenia“. Во 2009 година назначен е за амбасадор на Ерменија во Швајцарија и нејзин претствник во Обединетите нации.
Често споредуван со Френк Синатра, Азнавур најмногу пее за љубовта. Во 1974 година ја испеа една од најубавите негови песни „She“ со која го освои светските топ листи и беше прв на сингл листата во Велика Британија.
Во текот на петте фестивалски денови беа прикажани дванаесет играни филмови од најновата француска продукција, од кои десет наслови влегоа во конкуренција за награди.
Највисоките почести и наградата за најдобар филм од жирито отиде во рацете на режисерот Карим Дриди за филмот “Хамса“. Публиката за најдбар филм го избра филмот “Децата од Тимпелбак“ на режисерот Никола Бари. Меѓу наградените е и кусометражниот документарен филм “На изгрејсонце“ на македонскиот режисер Ѓорѓи Ставрески.