Победата над полуфиналистот од последното Европско првенство добива тежина откако Македонија настапи без Николич, Андреева, Пецевска и повредената Бајрамоска. Со овој триумф на гостински терен репрезентативките најавија нова ера во женскиот ракомет.
Избраничките на селекторот Гино Стрезовски во текот на целиот натпревар ја контролираа играта и резултатот. Кога се кршеше резултат во финишот на мечот, тука беше повратникот во селекцијата Елена Георгиевска постигнувајќи два погодици во низа, а девет голови на мечот.
По четири пати мрежата на српската репрезентација ја затресија Штериова, Црвенкоска и Митрова. Селекцијата на Македонија и Србија в сабота ќе одиграат уште еден контролен натпревар.