Македонската фудбалска репрезентација со победа 2-1 (1-0) против селекцијата на Летонија на „Филип Втори“ ја започна новата ера А селекцијата.
Триумфот над Летонија исто така е дебитански за новиот селектор Бошко Ѓуровски, кој му даде шанса речиси на сите фудбалери кои ги повика контролниот натпревар.
Робусниот напаѓач Јован Костоски во 29-та минута го отвори резултатот. Со погодокот во сопствената мрежа Даниел Георгиевски ги изедначи бројките на семафарот, а Агим Ибраими од пенал во 73-та донесе победа за „рисовите“.
Со овој натпревар македонска фудбалска репрезентација го започна циклусот квалификации за Европското првенство во Франција 2016 година.
Мх.П.