Со пливачки митинг и меѓународна охридска веслачка регата стартува првото издание на Ohrid Water Festival.

На „ОВФ пливачкиот митинг“ како што претходно информираа организаторите, ПК „Акваспирит“, учествуваат над 150 пливачи и има пливачи од три клубови од Р.Србија, по еден клуб од Косово, Албанија, и Велика Британија. Вкупно има учесници од 15 клубови и школи. На митингот натпреварувачите имаат можност да настапат во 8 различни дисциплини поделени во 6 возрасни категории.

Meѓународната веслачка регата Охрид претставува продолжение на меѓународно познатата Илинденска веслачка регата. Домаќин на регатата е Веслачкиот клуб Горица Ремо од Охрид. Трките се одржуваат во дисциплините скиф и дублскул. На регатата се натпреваруваат веслачи во возрасните групи: под 14 години, 15-18 години и сениори.

Во рамки на спортскиот дел на Фестивалот опфатени се 17 настани, меѓу кои и Охридскиот пливачки маратон кој ќе се одржи на 26 август.

OhridNews