Градските власти во англискиот град Лестер поставиле статуи на деца во природна големина близу до едно училиште за да ги примораат да возат поспоро. Во близина на училиштето се поставени шест статуи за кои возачите треба да помислат дека се деца кои имаат намера да ја преминат улицата.
Меѓутоа според локалните медиуми, реакциите меѓу граѓаните се поделени, а една од фигурите е турната. Има некои возачи кои сметаат дека фигурите се застрашувачки и премногу го одвлекуваат вниманието. Цената на една од статуите изнесува 400 евра, а се дел од локалниот проект за заштита на децата во сообраќајот.