Иницијаторите бараат истрагата за несреќата да се врши објективно, без политички притисоци и без влијание на настаните кои во изминатиот период ги обременуваат односите помеѓу Република Македонија и Република Бугарија.
Координативното тело најави дека наскоро ќе стапи во контакт со семeјствата на настраданите бугарски туристи кои ќе бидат повикани на заедничка средба во Охрид.
Бродот „Илинден“ на 5-ти септември потона во водите на Охридското Езеро при што се удавија петнаесет бугарски туристи. Посадите на бродовите кои пловат на Охридското Езеро бараат истрагата во регуларна постапка, во која ќе се земат во предвид изјавите на сите очевидци, да ги открие вистинските причини за несреќата со цел ваква трагедија да не се случи никогаш повеќе.