Со изведбата на песни од театарски претстави од 2003 до 2013 година „На светов убавина“од Горан Трајкоски, вечерва, во предворјето на црквата Св.Софија со почеток во 21 часот свечено ќе биде затворено овогодинешното издание на фестивалот „Охридско лето“.

Горан Трајкоски  со музичко образование се стекнал во училиштето на Пеце Атанасовски, како и преку соработката и менторството со врвните народни уметници Вања Лазарова и Никола Цветковски. Релизирал музика за повеќе од 50 театарски претстави како и филмска музика, работејќи на познатите македонски филмови, а добитник е и на повеќе награди за најдобра музика од повеќе претстави.

Музиката на Трајкоски ќе биде надополнета со настапот на Арна Шијак – вокал, Елена Христова – вокал, Марија Ѓаковска – виолина,Петар Христов – саксофон, кларинет, Анастасиос Иоану, кларинет,Анастазија Христовска – флејта, Бранко Илиевски – тромбон, Антонио Костески – хорна, Дејан Теодосиевски – виолончело, Фана Спиркоска – виола, Игор Василев – бас, клавијатури, Горан Јаневски – гитара, Сашко Костов – удиралки, Игор Зотиќ – клавијатури, семплер, Горан Трајкоски – вокал, електронски инструменти.

OhridNews