Со песна, забава и торта во ресторанот Далга кошаркарскиот клуб АВ Охрид ја прослави шампионската титулата во Втората и влезот во Првата лига.
На забавата по повод титулата присустваа сите пријатели на клубот кој во дебитанската сезона во Втората лига се прошета до првата позиција.
– Сите мечеви ги добивавме со тимскиот дух, така и сега прославуваме заедно. Иако според исходот на победи изгледа лесно, но не беше воопшто. Дојде денот кога кошарката ја оставаме во втор план и заедно со пријателите прославуваме за шампионската титула. – рече шефот на стручниот штаб, Петар Чочороски.
Играчите, стручниот штаб и управниот одбор најавуваат пеколна борба за бодовите во елитата од следната сезона.
OhridNews