Педро Куезада неодамна освоил 338 милиони долари, четвртата најголема добивка во историјата на американската лотарија „Powerball“. Сиромашниот доселеник од Доминиканската Република, кој живее во Њу Џерси, ги воодушевил своите соседи во квартот ветувајќи дека на сите ќе им плати станарина барем за еден месец. Педро рекол дека добивката била божји дар и дека неговото семејство било скромно и сиромашно. Соседите го фалеле како работлив човек кој ја заслужил добивката.
Сепак, набрзо по освојувањето на добивката, се дознало дека му се заканува апсење доколку не го подмири долгот од околу 30 илјади долари кон својата поранешна сопруга за грижа за нивните три од вкупно пет деца. Рекол дека тоа ќе го стори наскоро, бидејќи освен на соседите, најмногу сакал да му помогне на своето семејство. На сметката му стигнале 221 милион долари, а сите 338 ќе ги добиел доколку се одлучел за исплата на рати.