Во согласност со Националната стратегија за развој на културата за периодот 2013-2017 година, Министерството за култура ќе изврши откуп на публикации  во печатена и во електронска форма од областа на културата и уметноста, првпат издадени во Република Македонија во 2014 и во 2015 година.

На Конкурсот, кој е отворен до 14-ти декември 2015 година, може да учествуваат: правни лица-издавачи од Република Македонија кои ја издале понудената публикација; автори-издавачи на сопствени дела (публикации); автори кои ќе приложат писмено известување од издавачот дека им е отстапен дел од тиражот како надомест за авторски труд.

Министерството за култура при разгледување на понудените публикации за откуп ќе даде приоритет на: оригинални дела со културно-уметничка содржина од автори од Република Македонија пишувани на македонски јазик и на јазиците на заедниците; публикации наменети за деца и млади; публикации наменети за лицата со посебни потреби.

Од понудените печатени публикации ќе се откупуваат најмногу до 100 примероци, а од електронските изданија најмногу до 30 примероци. 

OhridNews