Синоќа во СВР Охрид пријавено било нарушување на јавниот ред и мир со елементи на насилство извршено околу 21.30 часот во авто-кампот „Градиште“.

Притоа, 32-годишно лице, кое претходно било пријавено во полиција од 38-годишен граѓанин за загрозување на сигурноста и од уште едно 40-годишно лице за оштетување на возилото, физички ги нападнал едно лице, со остар предмет повредил жена, по што со дрвена палка нападнал уште две лица, сите од Скопје, нанесувајќи им повреди. – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

Напаѓачот е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Димовски.

OhridNews