И ова лето охриѓани и гостите во градот нема да може да се разладуваат во Градскиот базен. Инфраструктурата е комплетно уништена, украдено е се што можело да се искористи, и за жал тој и ова лето нема да биде ставен во функција. Една од причините поради која компаниите го избегнуваат охридскиот базен е тоа што во плановите на владата е да се направи затворен базен и сето друго би било трошење пари за компаниите, велат од ЈП Билјанини Извори.


И покрај обидите кои што ги направивме да го ставиме во функција базенот, општината и ЈП “Билјанини Извори“ побараа понуди за ревитализирање и ставање во употреба на Градскиот базен, но со компаните со кои разговараме кои дојдоа во Охрид да извршат мерења и сондажи уште пред стартот не ни беше доставена никаква понуда – вели Илче Каневчев, диркеторот на ЈПССО “Билјани Извори“

Според пресметките на компаните целиот проект би изнесувал околу 20 илјади евра. Потребна е промена на филтерската станица и цевоводите, додека коритото е добро и со мали интервенции лесно би било ставено во функција.


Ние им го доставивме и планот на базенот со целата инфраструктура, но ни беше воочено дека треба да почекаме прво владата да го реализира проектот со затворениот базен па потоа да се разговара за отворениот – истакна Каневчев

Според сознанијата на првиот човек на ЈП “Билјанини Извори“ затоворениот базен би бил поста поставен на аголот меѓу улиците Асном и Туристичка., според него и тука нема логика.

Кога ние имаме еден постоечки базен, кој е инфрастуктурно поврзан со салата со парно и со сите неопходни технички зошто би се градел уште еден базен на 250 до 300 метри . – завршува Каневчев.


Охридскиот базен повеќе од десетина години не е во употреба, а неговото неработење и тоа како се манифестира на спортовите на вода. Избледнаа одамна успесите на последниот охридски “мохиканец“ Александар Маленко, благодарение на ентузијасти кајакот, веслањето и едрењето живуркаат, додека тешко дека некој се сеќава како изгледал ватерполо натпревар во живо.

М.Постоловски