Де бре тато. Аман веќе вие пензионериве. Од ништо и од ниедна влада не сте задоволни. Грујо ве терал да му давате, а Зајко пак не ви давал. Не знам како да ви се погодит. Наместо да ме викниш на скара да частиш за зголемвење на пензиваја ме викаш на давија ко јас да го регулирам то.
Пак искрено дан се малку 1,8% ? Ак не друго од следната пензија ќе мојш да си земвиш по цело пакетче деметрин, а не ко досега по една лента. Е како зш деметрин. Од сега дан требит да јајш ребра и пршки со црвено вино? Ам шо да ви прам јас то ви е храна сега, така ќе живејте. Дан очеквиш од сега со другарчињата да го играш Квадрилот?
Најсетне пак и не е малку 1.8 %. Пред некој месец имавте 1.6 шо значит ова година тебе лично ти се крена пензијата околу 250 денари. Колку години имаш сега? А така да ми си здрав и жив со твојте 76. Види вака…..значи ко ќе напрајш 96 ехееехееее цели 2500 денари појќе. А? Шо викаш. А? А пак на 116 скоро, нецели 100 еври појќе и ко шо ќе ти е исушена простата, не земвиш од најскапите лекој опааааа со мама ќе мојте да си купите пиперки у ќе си напрајте 10 тегли ајвар.
Четири за мене , четири за бате и…..ај сега биди искрен, не вредит да се живејт, да се бориш ко гуштерица, да се влечкаш ко црв, на шкрги да дишиш уште 40 години за две тегли ајвар? Е така. Како не вредело. Зато ми е криво шо јајте гурабии вие пензионерите за секоја влада, а се гледат дека кој и да е на власт ги заболе за вас. Пензинерите.
Ам така де. Не само да се кукало. Кај си имам мака, во глава ми е шашма со референдумив сега и за глупости да се секирам. Па не знам бре чоече шо сум сега. Дал сум Зајценберг, дал сум Мицкутин. Дал сум Јенки или сум бачушка. Незнам која воља од народот ќе требит да се исполнвит. Зш имат две вољи. Бар така викет поглавариве на македонсково племе.
И како да ја свртиш газот пак одпозади е. И едниот и другиот се во право. Мада Мицкитин мислам дека појќе е во право, бар како тој шо рече дека сите шо не гласале биле на за него. Шо значит дека од миљон и нешто гласачи на избирачки список со Мицкота се околу 1 250 600 000 луѓе. Е како толку. Ам на 600 000 НРСМ-овци шо не излегоа да гласет додај уште 1 250 000 000 кинези зш и тие не излего….толку си идат.
Мада мислам дека лесно ќе се договорот. И двајцата нудат решение. Мицко имат некој минорни барања за да се ојт на предвремени избори. Пошто е во опозиција барат умерени работи, како негов обвинител, министер за МВР, тој да е технички премиер, на Хорхе да му се продолжит мандатот уште 15 години, ама со помалку пресој и изјави, па Зајко да му позајмит 1/3 гласачи така да….Е само то го барат.
И мислам дека ќе го добиет. Поготово шо тој имат тактита, ако не друго ќе си клекнит на колена и… ај да не тресам зелени.
Е сега втора алтернатива имат Зајко. Без предвремени избори ама ќе прајт муабет со некој од цврстите и карактерни ВМРО-вци, пред све асли НСРМ-ОВЦИ, да ги убедит во собрание да кренат кој два прста кој… за да се изгласат во собрание без избори. Само дал ќе имат доволно ѓевреци и јогуртчиња, зш то е начин чврст македонец да го купиш. Не е никаква тајна дека секој прав македонец јајт крив ѓеврек. И то охридски.
Е зато во времето на Јанета, Гоцета, Карева и други немаше референдуми и пратеници. Зш тогаш немаше ѓеврек.
Џими
*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите