Една жена од Санта Фе, САД, пронашла патка која заглавила во оџакот на нејзината куќа. Несреќната патка не успеала да му се спротистави на силниот ветер и случајно влетала во оџакот, но се заглавила.


Жената не знаела што да направи во прв момент, па запалила оган за да ја избрка патката. Куќата за многу кратко време се наполнила со чад и морала да повика пожарникари. Пожарникарот ја извлекол патката од оџакот и ја пуштил да одлета. За среќа немало материјални штети, а патката преживеала.