Со примена на европски стандарди и транспарентен систем, заснован на објективност и принципиелност, ќе создадеме високопрофесионален кадар, велат од Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи, кое заедно со ОБСЕ ја организира Меѓународната средба на полициски експерти во Охрид. 


Целта е да разменеме искуства за управување со човечките ресурси во полицијата- една од најважните работи кои треба да ги имплементираме како дел од реформите во полицијата кои се еден од најважните услови за влез во Европската унија, потенцира д- р Марија Јанкулоска, помошник Директор во Секторот за управување со човечки ресурси при МВР.


Таа вели дека со примена на новиот Систем на кариера, ќе се придонесе до поголема индивидуална сатисфакција на вработените, а со тоа и поголема продуктивност на министерството.

-Главна цел  е  да создадеме ефикасна полиција . Со имплементација на овој систем на кариера вработените ќе си ги покажат своите способности и ќе напредуваат врз основ на заслуги. При тоа, ќе го трасираат сопствениот пат кон поголем успех во кариерата, рече Јанкулоска.


-Ваквите средби на кои доаѓа до размена на информации и искуства помеѓу земјите е од особено значење , потенцира Андреа Серес, од Одделот за полициски развој при ОБСЕ.

На Меѓународната конференција ” Транспарентен систем на кариера во демократска полиција” , учествуваа претставници од неколку земји од Балканот, како и претставници од земји- членки на ЕУ и домашни и странски полициски експерти од областа на човечките ресурси.

Т. К.