Доручекот е најважниот оброк во денот, но изгледа дека многу од луѓето кои започнуваат со диета го забораваат ова “златно правило”.
Ако сакате да ја намалите вашата тежина, мора посебно да се потрудите околу доручекот во кој може да се додадат многу од работите кои ги сакате, додека за вечера исклучиво треба да се конзумира лесна и нискокалорична храна, советуваат ескпертите.
Овој совет може да се потврди со најновото истражување спроведено на примерок од 93 лица со вишок килограми.
Едната група добила задача да конзумира доручек од 700 калории, ручек од 500 калории и вечера од 700 калории, додека втората група ја имала истата диета но со помал доручек кој содржел само 200 калории.
Оваа диета траела 12 недели, а учесниците козумирале исти производи. По истекот на 12 недели лицата во првата група кој конзумирала обемен доручек изгубиле во просек по 9 килограми, додека учесниците од втората група изгубиле 3 до 4 килограми.
Јадењето на обемен доручек ќе ве направи подолго време да се чувствувате сити и да имате повеќе енергија, а со тоа и вашата диета ќе биде полесна за “издржување”.