Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 21-годишно лице од струшкото село Октиси.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, пријавениот, казненото дело го сторил на 27 минатиот месец, пред семејната куќа на лице во Струга, каде започнал вербална расправија со него за неисплатен паричен долг, а потоа и физички го нападнал.

Во еден момент, тој  од седиштето на скутерот извадил нож и  се упатил кон оштетениот со намера да го нападне, но притоа бил спречен од соседите.

OhridNews