На вчерашниот инцидент во Св. Наум кога на повеќе лица им беа избушени гумите од возилата, му претходела расправија на граѓани со непознати лица кои под закана со нож сакале да наплатат паркинг на влезот од манастирскиот комплекс, соопшти МВР.

Вчера во 18,25 часот во ПС-Охрид, Ѓ.Ф.(1966) од Охрид, пријавил дека истиот ден во 16,00 часот со свои пријатели отишол во посета на манастирскиот комплекс „Св.Наум“. Возилото со кое пристигнале ПМВ„Рено“ со велешки таблички, го паркирале пред влезот на рампата од паркинг простор, при што од вработените на рампата им било укажано дека е забрането паркирањето. Кога се вратиле пред возилото ги чекале 2 непознати лица од кои едното држело нож во раката и настанала расправија поради тоа што не платиле за паркинг. Непознатото лице кое го држело ножот, го фатило Ѓ.Ф. за врат и му го ставило ножот под вратот, заканувајќи му се дека ќе го пресече, а потоа го пуштило и со ножот ги избушило гумите од возилата кои биле паркирани пред рампата.

СВР-Охрид презема мерки за пронаоѓање на сторителите.

OhridNews