Хаосот во рибарството ќе се средува со зајакнување на чуварските служби и повисоки казнени мерки, кои се предвидуваат со новиот Законот за рибарство и аквакултура, кој Владата го прифати на последната седница, соопти денеска ресорниот министер Ацо Спасеноски.
Со законот се дефинира и начинот на ловење преку концесии кои ќе се плаќаат по однапред утврдени суми. Во моментов Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство концесија има издадено за Дојранското и за Преспанското Езеро, додека Охридското Езеро нема концесионер.
Токму Законот за рибарство и аквакултура беше причина за одложување на одлуката за избор на идниот концесионер на Охридското Езеро. Законот сега влегува во втора фаза и се очекува да биде донесен до есен.