Во рамки на проектот „Збогатување на книжниот фонд“, охридската библиотека „ Григор Прличев“ го збогати книжниот фонд со повеќе нови наслови.
„ Белешките на Лајла Грејс“ од Марија Јаневска, „ Карма“ од истата авторка, „ Девојчето на гребенот“ од Лусинда Рајли, „ Најдоброто од мене“ од Никола Спаркс, „ Јас не сум таква“од Лина Динам, „ Вторниците се Мои“ од Албом Мич, „ Кадифената Покривка“ од Оливера Николова се дел од новите насови кои може да ги изнајмуваат чителите во следниот период.
Книгите се набавени со поддршка на Министерството за Култура на Република Македонија.
OhridNews