На симболичен начин вчеравечер означен стартот на „Ohrid running weekend“ со ноќната трка каде учество земаа преку 500 вљубеници во спотот, рекреативци, луѓе исполнети со позитивна енергија располежени за спорт и забава.

Учесниците на стартот кај Куба Либре предводени од нашиот добро познат охридски спортист Дејан Ангелоски ја изминаа патеката во должина од 2км, од Студенчишта во правец на Кеј Македонија до големиот јарбол со македноското знаме кај пристаништето во центарот на Охрид.

Потоа продолжија по шеталиштето Кеј Македонија за да финишираат пред хотел Палас.

Учениците и сите присутни гости вчеравечер имаа можност по трката да уживаат во звуците на прекрасната музика од познати диџеи и музилки уметници како диџеј Марама, Никола Тони и Владо Броз.

Исто така, посетителите имаа можност и да бидат дел и од хуманитарната Паста забава, каде за само  100 денари можеше да се купи паста, а средствата се донираа во хуманитарни цели.

Претходно во текот на денот почувајќи од 10 до 20 часот, тркачите можеа да ги преземат своите стартни пакети, а истото може да го направат и во текот на денешниот ден бидејќи Охрид трчаТ – Експо продолжува и денес до 20 часот. Во рамки на овој изложбен простор покрај подигнување на стартните пакети се претставуваат и спортско – туристичките содржини со нагласување на домашни и странски излагачи на спорско рекреативните брендови.

Дел од богатата содржина на шестото по ред Охрид трчаТ издание се и StretchWell – Србија кои веќе во текот на вчерашниот, но и денешниот и утрешниот ден на тркачите и рекреативците им нудат можност за истегнување преку методи 1 на 1, но и групен тренинг, со цел подобра подготовка пред трката, но и поефикасно опоравување по истата.

За денес во 17 часот е закажана и Панел дискусија на тема „Детска атлетика“ на која ќе има двајца еминентни гости од Сплит и од Белград, Кристијан Синдик, директор на сплитскиот маратон и Здравко Мишовиќ директор на „Трката на пријателства“ заедно со Александар Кираџиев и Тања Димитриеска од Охрид ТрчаТ.

Главниот настан од Ohrid Running Weekend, трките на 5К и 21К се закажани за утре, недела, со почеток во 8:30 односно 8:35 на Кеј Македонија пред хотел Палас, каде  учество ќе земат преку 1300 учесници меѓу нив врвни атлетичари, спортисти и рекреативци од 18 држави.

Позитивна енергија веќе се чувствува низ охридските улици, а Охрид се претставува во едно поинакво светло како врвен домаќин од светски ранг.

Н.С.Ј.