Чествувањета ќе започнат утре во 10 часот со полагање свежо цвеќе и историски час во спомен паркот на револуцијата
Делегација на општината, Сојузот на борците и институции во недела во 9.30 часот ќе положат цвеќе пред спомен обележјата на народните херои Андон Дуков, Спас Банџов, Петрес Пирузе – Мајски и на Мите Богоески.
Во 10 часот во малата сала на општината на учесниците во спасувањето при бродската несреќа на 5ти септември, ќе им бидат врачени благодарници.
Свеченостите ќе продолжат со поставување камен темелник на резервоар за вода во с. Рамне, пуштање на пешачката патека кај црквата Св. Климент во Велгошти, поставување камен темелник за регулација на коритото на реката Грашница и пуштање во употреба на патот од Горно Лакочереј до Лескоец.