Со низа настани Охрид ќе го одбележи 8-ми Декември- Денот на Св. Климент Охридски – Патронот на градот.

Програмата започнува утре, 4 декември, со промоција на книгата за деца и млади „Охридска археолошка азбука“ од авторите: проф.д-р Антонио Јакимовски (доктор по археолошки науки), проф.д-р Елизабета Томевска –Илиевска (доктор по педагошки науки), м-р Маја Јаневска (магистер по педагошки науки) и Иван Малезанов (магистрант по археолошки науки. Промоцијата ќе се одржи во големата сала на Општина Охрид со почеток во 12 часот.

На 5 декември со почеток во  12 часот ќе се одржи промоција на книгата „Црковните библиотека во Охрид и охридско“ од м-р Мариче Боздоганова во Прличевата одаја, додека од 19 часот традиционалниот Осмодекемвриски концерт на учениците од Општинското музичко училиште „Методи Патче“ во концертната сала на училиштето.

Во петок, 6 декември, предвидено е во 12 часот да се одржи промоција на книгата „Охридски драмски писатели“(Едиција Охридско книжевно наследство) од проф.д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски во големата сала на Општина Охрид. Истиот ден во Куќата на Робевци со почеток во 12 часот ќе биде поставена изложба на пафти, токи, колани – украси за појас од етнолошката ризница на НУ Завод и музеј-Охрид. Во 18.30 часот во изложбенито салон при НУЦК „Григор Прличев“ ќе биде поставена изложба на ликовни творби од учениците на ООУ „Свети Климент Охридски“, додека на големата сцена при Центарот ќе се одржи свечена приредба на ООУ „Св. Климент Охридски“ со почеток во 19 часот.

Во сабота, 7 декмеври, во 18 часот ќе биде отворена традиционална изложба на Фото клуб – Охрид во НУ Центар за култура „Григор Прличев” (изложбен салон), додека во галеријата при Центарот од 18.30 часот ќе биде отворена изложбата на уметнички дела од Вангел Наумоски содржани во збирката „Вангел Наумовски“ во сопственост на ЈЗУ Специјализирана болница за отропедија и трауматологија „Свети Еразмо
Охридски“ – Охрид.

Свечената академија по повод 8-ми Декмеври-Денот на Свети Климент Охридски – патрон на Охрид ќе се одржи во НУ Центар за култура Григор Прличев со почеток во 19:30 часот.

Програмата продолжува и во недела, 8 декември, кога е предвидено во 10 часот поклон пред моштите на Свети Климент Охридски во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон”- Плаошник, во 11 часот полагање свежо цвеќе на споменикот на Свети Климент Охридски во училишниот двор на ООУ „Свети Климент Охридски“, во 12 часот полагање свежо цвеќе на монументалниот споменик на Свети Климент Охридски на градскиот плоштад и врачување награди на најдобрите поетски творби на Општинскиот награден ученички литературен конкурс по повод Патронот на Охрид.

Во 13 часот концерт ќе одржи Фолклорните ансамбли во чест на Свети Климент (СОФАМ) во НУЦК „Григор Прличев“ , додека во 18 часот во малата сала во Општина Охрид ќе биде отворена изложбата –среброрез: 33 ХРИСТОС- Живот за спас на човештвото од Боро Митрески Минта.

Н.С.Ј.