Со низа настани Охрид ќе го одбележи празникот Св. Климент Охридски – Патронот на градот. Програмата започнува на 5 декември, вторник, со промоција на книгата „Oхрид и охридско 1918-1929“ од проф. Михаил Патчев која ќе се одржи во големата сала на Општина Охрид со почеток во 12.30 часот, а промотор ќе биде Горан Митрески.
Следниот ден, 5 декември, среда, во 17.00 часот во OСУ „Св. Климент Охридски“ ќе биде поставена изложба на учениците од училиштето и ќе бидат доделени награди на најдобрите литературни и ликовни творби.
Во 18.00 часот предвиден е музички концерт на учениците од ОМУ „Методи Патче” во концертната сала на училиштето, а од 19.30 часот свечена приредба на ООУ „Св. Климент Охридски“ во НУЦК „Григор Прличев“.
На 7 декември, четврток, во 18.30 часот во Куќа на Уранија- МАНУ ќе биде отворена изложба на фотографии „По трагите на светите Кирил и Методиј“ – коорганизација на Општина Охрид и Амбасадата на
Република Словачка во Република Македонија.
Во 19.00 часот во изложбениот салон при НУ Центар за култура „Григор Прличев” ќе биде поставена традиционалната изложба на Фото клуб – Охрид по повод Јубилејот: 25 години од формирањето на Фото клуб од Охрид.
Во 19.30 часот во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ ќе се одржи Свечена академија по повод 8-ми Декември – Денот на Свети Климент Охридски – Патрон на Охрид.
Настаните од програмата продолжуваат на 8 декември, петок, кога во 10.00 часот предвидено е поклон пред моштите на Свети Климент Охридски во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон”-Плаошник, во 11.00 часот полагање свежо цвеќе на споменикот на Свети Климент Охридски во ООУ „Свети Климент Охридски“ (училиштен двор), додека во 12.00 часот полагање свежо цвеќе на момументалниот споменик на Свети Климент Охридски на градскиот плоштад и врачување награди на најдобрите поетски творби на наградниот ученички литературен конкурс по повод Патронот на Охрид на градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“.
Програмата завршува со проекција на филмот „Охрид, Охрид убав мил“ на познатиот македонски режисер Илија Пиперскоски во големата сала на Општина Охрид со почеток во 19 часот.
OhridNews