Со низа настани, денес, се одбележа Меѓународниот ден на физичката активност. Ученици од сите општински основни и средни училишта учествуваа во одбележувањето.
Градоначалникот Кирил Пецаков ги поздрави присутните и организаторите, потенцирајќи ја неопходноста од секојдневната физичка активност, велат во соопштението од Општина Охрид.
Уште од античко време е позната максимата „Во здраво тело, здрав дух“, што ја отсликува посакуваната оптимална здравствена состојба на секој поединеци укажува на неопходноста од секојдневната физичка активност. Токму денес на Меѓународниот ден на физичката активност, Општина Охрид и Сојузот на училишен спорт Охрид, ја организираат оваа манифестација, за да ја поттикнат физичката активност и спортот кај најмладите, но и кај повозрасните, рече градоначалникот Кирил Пецаков.
За почеток присутните ученици се загреваа со аеробик, а ревијални натпревари се одгираа во футсал, баскет, пинг понг, велосипедизам, одбојка, шах.
Потоа едрење и кајак во организација на ЕК „Акватика“ и КК „Стрмец“, а дел од учениците од средните училишта планинареа заедно со Жанко Голабоски и шампионот во планинско трчање Дејан Ангелоски.
OhridNews