Во рамките на Детската недела 2015 година под мотото „ Сите заедно до подобро утре“ во основното училиште „ Свети Наум Охридски“во Пештани се одржа свечен прием на првачињата во Детската организација. На приемот присуствуваа родителите пред кои првачињата приредија интересна приредба.Првачињата дадоа свечена заклетва со која ветија дека вредно ќе учат и работат.

Во рамки на Детската недела деновиве се одржуваат низа активности и во другите училишта во Охрид. Во просториите на ОУ-Братство-централното училиште се одржаа заеднички активности меѓу учениците од третто и четврто одделение од ова училиште и ОУ „ Кочо Рацин“ за изработка на мултиетничко катче од македонската и турската традиција,слушање и пеење на заеднички народни песни на дватта јазика.На активностите присуствуваа директорите на дветте училишта,психологот на ОУ-„ Братство“,менторот Славица Котеска,а реализатори на активностите беа наставниците Виолета Петковска и Ајсел Доко.

OhridNews