Под мотото „Мојата приказна во Црвениот крст“ општинската организација на Црвениот крст од Охрид со низа активности ќе ја одбележи Светската недела на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

Во текот на денешниот ден ќе се организира прием во седиштето на организацијата во Охрид за децата од предшколските установи во Охрид, но и можност за сите заинтересирани преку промотивни материјали и презентации од страна на волонтерите на Црвен крст Охрид да се запознаат со мисијата на движењето на Црвениот крст.

Исто така денеска точно напладне ќе биде положено свежо цвеќе на бистата на основоположникот на идејата за движењето на Црвениот крст Анри Динан.

Според планираното, во текот на утрешниот ден на потегот од плоштадот „Св. Климент Охридски“ до СРЦ „Билјанини Извори“, на повеќе пунктови ќе се реализира 44-от Општински натпревар по прва  помош и ќе се  изврши промоција на дел од активностите на Црвен крст Охрид поврзани со работата на Бреинобреин центарот за развивање на животни вештини.

Во вторник на 12-ти мај ќе биде организирана Работилница за дисеминација-Ширењето на знаењата за Црвениот крст.

OhridNews