По Повод 7-ми Мај, денот на Македонската полиција, утре, во Секторот за внатрешни работи ќе се одржи свечен прием на кој ќе присуствуваат претставници на локалната самоуправа, на институции, организации и медиуми со кои СВР Охрид има редовна соработка, пензионирани полициски службеници и други гости.

Во рамките на одбележувањето на празникот, претставници на СВР Охрид, утре во 10 часот ќе ја посетат детската градинка „Јасна Ристеска“ и ќе присуствуваат на пригодна претстава. Децата од оваа детска градинка заедно со ученици од ОУ ,,Братство“, ќе го посетат Секторот за внатрешни работи Охрид, каде ќе се запознаат со работата на СВР Охрид и ќе имаат можност да видат дел од  опремата и материјално-техничките средства од полицијата и Територијалната против-пожарна единица од Охрид.

На денот на Македонската полиција утре во 15 часот на спортско рекреативниот центар „Билјанини извори“ ќе се одржи финалето на полицискиот турнир во мал фудбал.

OhridNews