Охрид денес го одбележува 7-ми ноември, Денот на ослободувањето на градот, со повеќе активности и свечености.

Одбележувањето започна со полагање свежо цвеќе  пред спомен обележјата од НОБ. Во исто време во село Рамне се одржува Панихида пред спомен обележјето на Јасна Ристеска, а во спомен паркот на револуцијата ќе се одржи историски час за значењето на 7-ми ноември.

Свечената академија ќе почне во 11 часот во концертната сала на основното музичко училиште „Методи Патче“.

Во 18 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се одржи свечена приредба по повод патрониот празник на градинката „Јасна Ристеска“.

Во 18.30 часот во концертната сала на ОМУ „Методи Патче“ ќе се одржи Седмоноемвриски концерт на учениците од училиштето.

OhridNews