На секој чекор во Охрид ќе сретнете кутија за донации или некаква хуманитарна активност за помош на 15 годипната Сара Настеска на која итно и е потребна трансплантација на коскена срж, која треба да се изврши во Германија и која чини 200000 евра.

Кон акцијата за помош на Сара од викендов се придружи паркингот позади хотелот Ривиера на команијата „Ценлески еден“. Целиот промет кој ќе биде остварен наредните денов компанијата ќе го донира за помош на Сара.

Исто така средствата од традиционакната манифестација „Тортијада“ што ќе се одржи викендов во организација на Женскиот центар Бисера, ќе бидат донирани за лекување на Сара.

Со цел да се помогне да се обезбедат сретства потребни за пресадување коскена срж на нашата сограѓанка Сара Настеска, која боледува од Anemia Aplastica, болест што ја напаѓа коскената срж и не дозволува правилна регенерација на крвта во организмот, Центарот за култура “Григор Прличев” организира голем културен настан наречен “Артистите за Сара”, со многу музика, стендап и кабаре.

Натапуваат: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Јован Куциноски, Јане Тодороски, Зоран Донев/Јован Цветкоски/Илија Богданоски/Никола Сиљаноски/Јордан Коцевски.

Картите по цена од 200 денари, можат да се купат на билетарата на Центарот за култура, секој ден од 10:00 до 20:00 часот.

Настанот ќе се одржи во недела, 4 ноември, во Големата сала на Центарот за култура со почеток во 20:00 часот.


Бројни хуманитарни настани викендов се одржуваат во Охрид, но и во Струга и земјата, а во тек е и кампањата преку мобилните оператори и на интернет.

OhridNews