На концертот што ќе се одржи денеска во чест на легендарниот тапанар Трајко Каров во рамки на „Т’К ТАК ФЕСТ“ во Кавадарци, ќе настапи и познатата охридска музичка група „Камелеон“.
Со учеството на овој фестивал момците од „Камелеон“ најавуваат враќање на домашната музичка сцена.
–Многу сакавме овој камбек да биде со нашиот долго очекуван сингл, но ни фалат околу две недели за да го завршиме комплетно проектот и песната да ја ставиме на носач на звук. Можеби песната ќе ја свириме на Т’К ТАК ФЕСТ, се зависи од текот на пробите.-изјавија од „Камелеон“ за OhridNews.
Покрај „Камелеон“, на првата фестивалска вечер ќе настапат уште битолчаните „БТ Топ“ и Сале и „С.Р.В. бенд“, а целовечерен концерт ќе одржи славниот рок состав од Кавадарци „Токму така“ предводен од Бубо Каров. На вториот, натпреварувачки ден на фестивалот ќе се претстават седум бендови.