Водата од реката Црн Дрим вчера се излеа на околу 1 км под браната на хидроакумулацијата Глобочица, на патниот правец Дебар – Струга, во близина на с.Луково. Реката се прелеала на околу 150 метри долж патот и преку него, но нема опасност од поткопување, соопшти Центарот за управување со кризи.

На теренот беа претставници од Центарот за управување со кризи, Регионалните центри за управување со кризи од Охрид и Струга, Дирекцијата за заштита и спасување, Министерството за транспорт и врски, Македонија Пат, МВР, како и директорот на браната Глобочица.
    
– За санација на настанатата состојба беа ангажирани 42 лица од Дирекцијата за заштита и спасување кои полнеа 5.000 вреќи со песок за поставуваат заштитен ѕид за спречување на излевањето. Песокот се носеше со камиони на Македонија Пат, а се користеа и багери и гасеничар кои помогнаа во расчистување на речното корито од гранки и друг материјал. Состојбата денес е стабилна и нема опасност од поткопување на насипите, информираат од Центарот за уптравување со кризи.


Со насипи против излевање на Дрим

Според последните мерења, нивото на Охридското Езеро денеска се искачи за уште еден сантиметар и изнесува 693,88 метри надморска височина, што е за 13 сантиметри повеќе од утврдениот максимум.

Ohridnews