ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“ вечерва традиционално со голем народен собир во Охрид  ја започуваат кампањата за парламентарните избори од Охрид.

Со почеток во 20 часот на настанот кој ќе се одржи на Градскиот плоштад во Охрид свое обраќање ќе имаат д-р Ѓорѓија Сајкоски, носител во Петтата изборна единица, кандидатката за претседател на Република Македонија, проф. д-р Гордана Силјановска- Давкова и претседателот на партијата проф. д-р Христијан Мицкоски.

Силјановска-Давкова пред граѓаните во Охрид ќе ја презентира програмата за претстојните претседателски избори.

На денешната агенда е и увид на градежните активности во поранешната касарна во Охрид од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков.

OhridNews