Вчеравечер со монодрамата „Кармен“ од Билјана Драгиќевиќ Пројковска, а во режија на Дејан Пројковски се отвори „Вевчанското лето“.
Манифестацијата ја отвори градоначалникот на Општина Вевчани Спасе Кочовски кој истакна дека со манифестацијата се збогатува понудата во Вевчани во летниот период како за вевчанци, така и за туристите.
Навистина ми е драго што ова лето успеавме, благодарение на Здружението за афирмација на туризмот, културата и културното наследство „Вевчани Турист Инфо“ да обезбедиме богата културна понуда за вевчанци, за туристите кои во летниот период доаѓаат во Вевчани и за сите љубители на културата, спортот и уметноста. Општина Вевчани издвои средства за нешто што навистина заслужува и е важно за една населба како Вевчани. Им благодарам на сите вевчански уметници, културни дејци кои што целосно ја прифатија поканата да соработуваат и одговорија да бидат дел од оваа богата содржина, рече Кочовски.
Манифестацијата „Вевчанско лето“ продолжува на 20 јули во среда со отворење на ДЕТСКАТА ЛИКОВНА ИЗЛОЖБА од учесниците на летната ликовна школа на колонијата „Вевчански видувања“ во 20 часот, во Мултикултурниот центар „Коста Србакоски“ – Вевчани.
OhridNews