Верниците од исламска вероисповед го чествуваат еден од најголемите муслимански празници, Курбан Бајрам, или познат уште како празник на жртвата. Според исламското учење на првиот ден од четиридневниот празник се изведува молитва – Бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах.
Празникот се започнува со утринска молитва сабах-намаз, а потоа преку молитвата бајрам-намаз, муслиманите ја искажуваат почитта кон Алах со колењето курбан.
Една од карактеристиките која го означува овој празник е принесување жртва-курбан, симболика која претставува приближување кон Бога. Како и минатите години, така и оваа, здружението Атлас принесе 14 глави жртва за празникот, а месото се раздава на социјално загрозените семејства, сиромашните и најблиските.
За овој празник, домашната трпеза е доста богата, а покрај месото за курбан, на сите добронамерници се дава и традиционална баклава.
OhridNews