“Полека, мирно, без брзање, рашири ја играта, влези во дуел, па такви дуели во средината ќе ги има безброј таму“им довикуваше Мирсад Јонуз на своите избраници на последниот тренинг пред заминувањето во Глазгов.
Мирната игра по земја со многу додовања како и брзиот контранапад ќе бидат главните орудија кои треба да не доведат до победа во Шкотска. Селекторот инсистираше на таква игра на последните тренизи на кои ја располагање ги имаше сите фудбалери.
Од она што можеше да се забележи на тренинзите Јонуз нема да остапи од својата 4-3-3 формација: Николоски на голот, Новески – Седлоски – Митрески – Попов во одбраната, Деспотовски – Шумуликоски – Георгиевски во средината и во нападот Пандев – Стојков – Наумоски, истиот онај состав кој го надигра континеталниот првак Шпанија во првите 45` на “Филип Втори“.
Фото : Емилио
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com