Ноќеска, триесет минути по полноќ, во СВР Охрид бил пријавен инцидент на ул.„Партизанска“ во Охрид.

Охриѓанец со метален предмет нападнал три лица на возраст од 19 до 22 години, сите од Охрид. Според пријавеното, најверојатно причина за нападот е недоразбирање во сообраќајот што на 24.03.2025 го имал еден од нападнатите со напаѓачот. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти СВР Охрид.

OhridNews